Архипункт на Архитектонски факултет Скопје
- arhipunkt
- 7 days ago
- 1 min read
Во рамки на воннаставната програма „ДОСИЕ АФС“ на 27.11.2025 (четврток) во аудиториумот (115) на Архитектонски факултет-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе имаме свое излагање насловено како "Помеѓу универзалното и личното: Сознанија од две куќи". Пред студентите на Архитектонскиот факултет ќе презентираме два наши проекти за две куќи во различни контексти и ќе ги споделиме сознанијата до коишто сме дошле низ процесот на проектирање од културолошки и социјален аспект.


Comments