• arhipunkt

Работилница Архивики 01 | 18.04.2016



Се одржа првата работилница за збогатување на македонската Википедија со содржини од областа на архитектурата во организација на Архипункт, а во соработка со Здружението „Споделено знаење“ и порталот за промоција на македонската архитектура – „МАРХ“.


Се отворија 23 кориснички сметки, односно толку членови создале или подобриле најмалку една статија во текот на работилницата, се создадоа 41 статија, а 8 се подобрени. Статиите опфатија повеќе категории меѓу кои: „Македонски и светски архитекти“, „Архитектонски термини“, „Архитектонски стилови и правци“ и „Архитектонски изложби, манифестации и награди“, и „Значајни градби во Македонија“.


Повеќе информации и галерија од настанот ќе најдете на МАРХ, на Википедија и на фб.

                                                                    ©2019 Arhipunkt DOO   |  070 773 383    071 645 654   |   arhipunkt@gmail.com