top of page
Search

Рециклиран град на БИМАС 2016 | 21.05.2016

  • arhipunkt
  • May 21, 2016
  • 1 min read

Во рамките на БИМАС 2016 се одржа автобуска тура низ Скопје Рециклиран град, во форма на збир од урбани интервенции од повеќе архитекти на повеќе локации низ градот. На покана на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Архипункт зема учество со своја интервенција на паркинг просторот пред Тинекс (ул. Перо Наков). Истакнувајќи ја повеќенаменската употреба како неопходен концепт за користење и осмислување на градот, ќе дадеме предлог за нов начин на перцепирање и употреба на паркинг просторите како неизбежни и трајно окупирани градски површини.

Временските услови ни отежнија, но сепак успеавме во голем дел да ја реализираме поставката и да позборуваме за нужноста од наслојување на функции со цел одговорно користење на скапоцениот градски ресурс- просторот. Интервенцијата имаше цел да ја прикаже можноста за реупотреба на паркинг просторот во место за целовечерна кино проекција на отворено, со едноставна употреба на материјали и елементи достапни на самата локација (пластични гајби, растеглива фолија, улично осветлување и рекламна табла), со што ќе се вметне еден од низата можни културни настани во оваа индустриска зона од градот.

Повеќе информации и галерија од настанот на МАРХ и фб.



 
 
 

Comments


                                                                    ©2019 Arhipunkt DOO   |  070 773 383    071 645 654   |   arhipunkt@gmail.com

bottom of page